Samsung Galaxy Z Fold 2 беше еден од најинтересните уреди за 2020 година. Јужнокорејската компанија сега работи на третата генерација од овој уред кој изгледа дека ќе биде уште поимпресивен.
Се појавија нови рендери од изгледот на очекуваниот Galaxy Z Fold 3. Задниот дел изгледа слично како на неговиот претходник, само што овој пат има дизајн на камерите како оној што се очекува од Galaxy S21 серијата. Z Fold 2 ги позајми своите камери од Galaxy S20, а од Z Fold 3 очекуваме да има камери со слични карактеристики како S21 моделите.
Samsung напорно работи на технологијата кај камерите кои ги користи. Голема е веројатноста кај овој уред да видиме селфи камера под дисплејот.

Се очекува да работи на Snapdragon 888 со 12GB RAM и 256GB меморија. Батеријата ќе биде околу 4500 mAh.
