Најновиот патент потврди дека технологијата на Samsung за камера под дисплејот, на која работи веќе неколку години, е во напредна фаза на развој. Бидејќи планира да додаде S Pen поддршка кај новоочекуваниот Galaxy Z Fold 3, технологијата за камера под дисплеј најверојатно прв пат ќе ја видиме кај Note 20 серијата.
Во видеото, Samsung ги фали компаниите кои ја намалиле амбалажата на кутиите во кои ги продаваат своите производи и истотака зборува за отпадот кој е резултат на технологијата и нејзиниот развој. Ова е уште еден доказ дека Apple инспирираше голем дел од компаниите да ги отстранат додатоците од своите кутии. Со тоа, почнувајќи од Galaxy S21 серијата, и Samsung ќе ги отстрани полначите од своите следни уреди и ќе ги продава посебно. Уште една гласина е дека компанијата планира да додаде бесплатни Galaxy Buds Pro со секоја нарачка направена однапред на S21 Ultra.