Под-брендот на Xiaomi, Redmi, ќе најави нов флегшип следниот месец со уникатна цена. Извршниот директор на компанијата откри дека следниот флегшип, Redmi K40, ќе работи на новиот Snapdragon 888. Weibo постот потврди дека батеријата ќе биде од 4000 mAh и “најскапиот рамен екран”.

Батеријата ќе биде поддржана од брз полнач со 33W. Истотака ќе има селфи камера сместена во средина на дисплејот, како и систем со четири камери на задниот дел.
Сега доаѓа најдобриот дел. Цената на Redmi K40 ќе биде само 465 долари. Со тоа, ова ќе биде најевтиниот Android флегшип во моментот за 2021 година, со речиси двојно пониска цена од останатите смартфони.