Токму пред најавувањето, се појавија фотографии од кутијата во која ќе доаѓаат Galaxy S21 уредите.

Уште пред неколку месеци се зборуваше дека Galaxy S21 серијата ќе доаѓа без полнач во кутијата, исто како најновите iPhone уреди, а сега фотографии го потврдија тоа. Во кутијата на новите Galaxy уреди ќе се наоѓа USB-C кабел, SIM картичка, гаранција и упаство. Но, како што може да се види од фотографијата, едно нешто што дефинитивно недостасува е полнач.

Galaxy S21 и S21+ ќе доаѓаат со конфигурација од 256GB меморија, а Galaxy S21 Ultra ќе има 512GB меморија.
