Прв пат после многу години, HTC пријави раст на приходот два месеци по ред. Тоа е добар изговор за компаниајта да ја започне новата година со нов смартфон.
Затоа пред неколку дена, HTC тивко го најави новиот Desire 21 Pro 5G. Како што кажува името, ова е уред од средна класа со 5G поддршка, но има прилично висока цена околу 430 долари.
Главната карактеристика на Desire 21 Pro 5G е неговата камера од 48 мегапиксели, како и целосниот систем од четири камери на задниот дел со ултраширокоаголна од 8 мегапиксели, макро камера и камера за портрети. Селфи камерата е еднакво импресивна, од 16 ммегапиксели. Во внатрешноста доаѓа со Snapdragon 690 процесор, 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 5000 mAh. На предниот дел се наоѓа голем дисплеј од 6.7 инчи.