Со три флегшип уреди, премиум слушалки и два безжични полначи кои беа најавени на 14 јануари, Samsung реши да ги изненади фановите и со уште еден уред од средна класа.
Galaxy A32 5G беше најавен само еден ден пред Galaxy S21 серијата. Бидејќи уредот беше тивко најавен од страна на компанијата, дел од неговите карактеристики сеуште не се познати.

Најверојатно има 6.5 инчен HD+ Infinity-V дисплеј. Процесорот не е познат, но најверојатно ќе биде придружен од три верзии – со 4, 6 и 8 GB RAM. Батеријата е позната и е голема со капацитет од 5000 mAh и полнач од 15W.

Има уникатен дизајн на задниот дел со четири камери и LED блиц. Од нив, главната е од 48 мегапиксели, заедно со ултраширокоаголна од 8 мегапиксели, макро камера од 5 мегапиксели и камера за портрети од 2 мегапиксели. Селфи камерата е сместена во средина на екранот и е од 13 мегапиксели.
Ќе биде достапен во четири бои – црна, бела, сина и виолетова. Иако не е официјално позната која ќе биде неговата цена, ќе биде помеѓу 299 и 399 долари, во зависност од пазарот на кој ќе се продава.