Деновиве се појавија фотографии од новиот 11 инчен и 12.9 инчен iPad Pro (2021) модел. Обично Pro најавува нови Pro таблети секои 18 месеци.
Фотографиите кои се појавија покажуваат дека дизајнот на новите модели ќе биде речиси ист. На задната страна имаат главна камера, широкоаголна и LiDAR сензор. Дали нивната резолуција ќе биде променета останува да видиме.

11 инчниот iPad Pro требаше да биде помал од iPad Pro (2020), но всушност ќе бидат исти, со димензии од 245.7 x 176.6 x 5.9mm.

Најавувањето на овие два нови Apple таблети ќе биде во март.