Иако најавувањето на iPhone 13 серијата ќе биде за неколку месеци, гласини за потенцијалните карактеристики на овие модели веќе почнаа да се појавуваат.
Најпрво, претставувањето на новата серија го очекуваме на 7 или 14 септември, 2021 година. Речиси секоја година Apple ги најавува своите нови смартфони во септември. Единствен исклучок беше 2020 година, кога компанијата ја најави iPhone 12 серијата малку подоцна, во октомври.
Цените на новите уреди ќе бидат слични како оние на iPhone 12:
- iPhone 12 mini – $699
- iPhone 12 – $799
- iPhone 12 Pro – $999
- iPhone 12 Pro Max – $1099
Според аналитичарот Ming-Chi Kuo, ултраширокоаголната камера на iPhone 13 ќе биде подобрена и ќе вклучува авто-фокус. Останатите камери ќе останат релативно исти.

Во 2020-та Apple најави нов дизајн со порамен излглед за разлика од претходните модели, но сличен на iPhone 11 серијата. Сите модели ќе имаат OLED дисплеј на предниот дел.

- iPhone 13 mini – 5.4 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели (476 PPI)
- iPhone 13 – 6.1 инчен дисплеј со резолуција од 1170 x 2532 пиксели (460 PPI)
- iPhone 13 Pro – 6.1 инчен дисплеј со резолуција од 1170 x 2532 пиксели (460 PPI)
- iPhone 13 Pro Max – 6.7 инчен дисплеј со резолуција од 1284 x 2778 пиксели (458 PPI)
Се разбира, серијата ќе доаѓа и со 5G поддршка, како и најновиот процесор на Apple кој ќе биде најавен дотогаш.