Sony е компанија позната по своите премиум смартфони, но истовремено претставува и уреди од средна класа. Ваков уред најави во 2020-та познат како Xperia 10 II, а сега ја подготвува и третата генерација од овој модел.
Познат како Xperia 10 III, типстерот Steve Hemmerstoffer го сподели неговиот дизајн. Според фотографиите, неговиот изглед е непроменет во однос на претходниот модел. Има рамен, 6 инчен екран со висок тело-дисплеј сооднос од 21:9 и минимални рамки. Една промена има во димензиите. Додека претходниот модел беше повисок и поширок со димензии од 157 x 69 x 8.2 mm, новиот има димензии од 154.4 x 68.4 x 8.3mm. Скенерот за отпечатоци се наоѓа од страна.

Задниот дел е истотака непроменет. Има вертиклен систем со три камери и LED блиц. Главната камера е од 12 мегапиксели, ултраширокоаголната е од 8 мегапиксели и третата е истотака од 8 мегапиксели за портрети. Селфи сензорот е од 8 мегапиксели.

Овој уред ќе биде најавен на крајот од февруари, заедно со долгоочекуваниот Xperia 1 III.
