Samsung неодамна го најави својот најевтин 5G уред, А32 5G, но јужнокорејската компанија планира да најави уште два вакви смартфони наскоро – А52 и А72 5G. И двата ќе бидат достапни во првата четвртина од годината, во 4G и 5G верзии.
Бидејќи знаеме дека A32 5G во моментот е достапен низ Европа по цена од 280 евра, логично е новите два модели да бидат малку поскапи.
Според најновите информации, A52 4G со 128GB меморија ќе има цена од 369 евра, додека моделот со 256GB меморија ќе чини 429 евра. За оние кои се заинтересирани во 5G варијанта, A52 128GB ќе има цена од 449 евра, а 256GB моделот ќе има цена од 509 евра.
За жал, сеуште не е позната цената на 5G моделите од A72. Но, знаеме дека 4G 128GB ќе има цена од 449 евра, а 256GB моделот ќе чини 509 евра.