Garmin наскоро ќе најави нова линија на паметни часовници, под името Lily. Серијата е составена од три часовници – Lily, Lily Classic и Lily Sport. Во однос на карактеристиките не се разликуваат многу меѓу себе, но изгледот им е различен.


Иако серијата сеуште не е најавена, веќе се појавија фотографии од изгледот на овие уреди. Фотографиите доаѓаат и со дел од карактеристиките – LCD дисплеј на допир со резолуција од 240 x 201 пиксели, водоотпорност до 50 метри, GPS, сензор за срцето и PulseOx сензор.

Garmin тврди дека овие часовници може да издржат до 5 дена без полнење. Најевтиниот од трите, Lily Sport ќе биде достапен во Европа по цена од 199 евра.