Samsung Display најави дека Galaxy S21 Ultra, најновиот флегшип на Samsung, доаѓа со нова OLED технологија која го редуцира користењето на енергија за 16%. Како резултат на тоа, корисниците на овој уред може да уживаат подолго време со својот телефон пред да мора повторно да го полнат.

Samsung во моментот има патентирано повеќе од 5,000 органски материјали кои се користат кај екраните. “Постојаната прогресија на технологиите за екрани ја зголеми побарувачката за материјали кои користат помалку енергија а може да се користат кај големи панели со висока резолуција.” – изјави извршниот директор на Samsung Display.