Изгледа дека работите за Apple почнаа добро во новата година. Според истражувачките фирми Counterpoint и CyberMedia, компанијата има продадено 1.5 милиони iPhone единици во Индија за време на четвртиот квартал од минатата година. Ова е изненадувачки 100% подобро од истиот период претходната година. Ова го зголеми и уделот на глобалниот пазар на смартфони на iPhone уредите двојно, на 4%.
Високата продажба е најмногу поради продажбата на iPhone 11, iPhone XR, овогодинешниот iPhone 12 и iPhone SE (2020). За целата година, iPhone продажбата во Индија се зголеми за 60% од претходната, со 3.2 милиони продадени единици.
