Популарната Galaxy A52 серија на Samsung ќе добие нови и возбудливи уреди оваа година, меѓу кои и Galaxy A52 5G. Иако телефонот сеуште не е официјално достапен, деновиве се појавија неговите потенцијални карактеристики. Доколку сте заинтересирани да дознаете што ќе нуди и кога ќе биде најавен, тогаш сте на правилното место. Еве се што знаеме:
Galaxy A52 5G цена
- Околу 500 евра
На 25 јануари се појавија информации дека Galaxy A52 со 128GB меморија ќе чини 449 евра, а со 256GB меморија ќе чини 509 евра.
Достапност
- Април, 2021
Уредот ќе биде најавен во првата четвртина од годината. Првично требаше да биде достапен уште на 8 јануари, но најавувањето беше одложено.

Во одност на дизајнот, A52 5G ќе наликува на неговиот претходник, со селфи камера сместена во средина, отвор за поврзување на слушалки и скенер за отпечатоци под дисплејот. Ќе работи на Snapdragon 750G процесор со 6 или 8GB RAM.
- 6.5 инчен AMOLED дисплеј
- 6/8GB RAM
- 128/256GB меморија
- 5G поддршка
- Четири задни камери – главна камера од 64MP, широкоаголна од 12MP, 8MP макро камера и 5MP за портрети
- Батерија од 4500 mAh
- Брз полнач од 15W
Дизајнот ќе биде со минимални рамки од страните, а камерите ќе бидат вертикално поставени.
