На почетокот од месецот, Facebook ги извести WhatsApp корисниците дека ќе мора да се согласат со ажурираната политика на приватност , принудувајќи ги да споделуваат персонални информации со Facebook и други компании. По негативната реакција на корисниците, Facebook ја одложи имплементацијата на промените три месеци, со цел да им даде можност на луѓето да размислат за својата одлука.
Сега, WhatsApp најави дека ќе претстави биометричка идентификација на WhatsApp Desktop и Web. “Доколку корисниците сакаат да ја поврзат апликацијата со WhatsApp Desktop или Web, ќе мора да се идентификуваат преку препознавање на лице или отпечаток од прст. Потоа ќе треба да скенираат QR код со телефонот за да ги поврзат уредите.”