Samsung веќе има објавено низа промо видеа за новата Galaxy S21 серија на својот официјален YouTube канал. Сега, откако овие нови уреди се официјално достапни за фановите, компанијата реши во уште едно видео да објасни како се разликуваат од останатите смартфони на пазарот.
Станува збор за видео од 60 секунди, со главен фокус на моќниот Snapdragon 888 и луксузниот дизајн на 6.2 и 6.7 инчните S21 и S21+ 5G. Најверојатно, подоцна ќе биде достапно слично видео и за флегшипот Galaxy S21 Ultra.
За разлика од најавувањето, отпакувањето и видеата кои дадоа прв поглед кон овие смартфони, новото видео наликува на краток филм кој е професионално направен.