Замислете да може да го полните телефонот само што ќе влезете во соба каде се сместени 144 антени кои ослободуваат бранови кон 14-те антени на вашиот смартфон. Овие OTA сигнали се дел од 5W Mi Air Charge технологијата на Xiaomi. Во нова изјава, компанијата тврди дека оваа системот ќе може да полни повеќе уреди наеднаш преку бранови кои патуваат за да стигнат до овие уреди. Антените во телефонот помагаат овие бранови да се претворат во енергија која се користи за полнење.
Во 2016, Apple во ново партнерство со Energous започна да работи на WattUp безжичната технологија. Двете фирми всушност зборувале за ова партнерстсво уште од 2014. Иронично, за време на оваа соработка iPhone уредите всушност не доаѓаа со безжично полнење. Пет години подоцна, компаниите сеуште ја немаат најавено оваа технологија.
Xiaomi ја опишува новата технологија како “Револуционерни методи за безжично полнење. Денес, влегуваме во нова ера на оваа технологија”.