Доколку ќе извлечете една поука од следната приказна, тогаш тоа е дефинитивно дека треба внимателно да нарачувате оналјн.
Во своето постоење, Apple е комапнија која постојано е во центар на внимание со своите производи, реклами, тужби, двобои и последно, смешни приказни. Истотака, често се случува луѓе да нарачаат Apple производи онлајн и да добијат нешто друго онлајн.
Уште една приказна која спаѓа во последната категорија се појави пред неколку дена. Станува збор за тинејџер од Тајланд кој нарачал iPhone и наместо него добил маса во форма на телефонот. Тинејџерот бил примамен од неверојатно ниска цена на iPhone 7 уред од одредена веб-страна и го нарачал веднаш. Кога производот го добил, сфатил дека направил голема грешка.
Иако можеби поради инцидентот сметате дека станува збор за измама, всушност не е така. Тинејџерот ја направил нарачката пребрзо и не забележал во која “категорија” спаѓа производот и каков вид на iPhone всушност нарачува.
Како што рековме, секогаш проверувајте ја нарачката два пати пред да ја направите.