Пред целосно да го напушти смартфон пазарот, уделот на LG падна од 18% во времето на LG G6 и V30, на помалку од 10% во 2020 година. Но и покрај тоа, компанијата продаваше милиони уреди во Америка и беше третиот најпознат смартфон бренд таму.

Затоа, останува прашањето, која компанија ќе успее да го преземе овој дел во однос на продажбата на смартфони?

Според анкетата која беше спроведена, една компанија се покажа како дефинитивен победник. На листата беа набројани најголемите брендови – Apple, Samsung, Motorola, Google Pixel и OnePlus, како и опција за некоја друга компанија. Од нив, речиси половина, односно 45% од испитаниците сметаат дека благодарение на одлуката на LG, Samsung ќе го зголеми својот удел на пазарот. Интересно е што, останатите сметаа дека овој удел ќе припадне на Motorla, OnePlus или Google Pixel, додека многу мал процент смета дека ќе припадне на Apple.
Кое е вашето мислење? Која компанија ќе биде замена за LG фановите?
