Забележувате дека екранот на вашиот таблет е матен, но не знаете зошто. Во оваа статија на кратко ќе објасниме која може да е причината за тоа и, се разбира, најважниот дел како да го решите проблемот.
Рестартирајте го
Првото нешто што веројатно сте помислиле е да го рестартирате уредот. Ова би било точно, бидејќи рестаритрањето може да реши некој помал софтверски проблем – дококу станува збор за тоа. За да го рестаритрате вашиот iPad, држете го Power копчето, додека не се појави опцијата за исклучување. Доколку вашиот iPad нема Home копче, истовремено држете го горното копче и едно од копчињата за звук.

Потоа, повторно вклучете го уредот.
Дали екранот е матен кога користите специфична апликација?
Доколку екранот станува матен кога користите одредена апликација, можеби станува збор за проблем со самата апликација, а не со уредот. Може да видите дали е ваков проблем преку Settings – Privacy – Analytics – Analytics Data. Доколку името на апликацијата го има тука неколку пати, тогаш е софтверски проблем со апликацијата. Најлесното решение тука е да ја избришете и повторно да ја инсталирате. Доколку ова не го реши проблемот, најдобро е да најдете алтернатива за истата.

Екранот е матен при гледање видеа?
Тука, проблемот може да е:
– слаба интернет конекција (за жал, за ова не можете многу да направите)
– лош квалитет на видеото кој може да се среди преку Settings

Целосно рестартирање
Доколку проблемот не може да се реши на поедноставен начин, тогаш можеби е најдобро фабричко ресетирање. Ова ќе помогне целосно да се исчисти таблетот, но пред да го направите, најдобро е да ги зачувате податоците кои ви се важни на Cloud.
Доколку сеуште се соочувате со проблемот, донесете го вашиот уред во Ledikom на брза дијагноза и, ако е потребно, квалитетен сервис!