Нов проблем беше откриен при последното истражување на Check Point Research фирмата кој дозволува голем дел од апликациите да ги прескокнат стандардните безбедносни мерки и да имаат пристап до повиците и пораките на корисникот. Qualcomm Modem Interface софтверот е обично достапен за пристап на овие апликации, но доколку клучен дел од Android модемот е хакнат, QMI може да биде искористен за слушање и снимање на повици.
QMI се користи на 40% од Android уредите, вклучувајќи ги оние направени од Google, Samsung, OnePlus, Xiaomi и многу повеќе. Check Point не сподели дел од информациите за ова, со цел нападот да не може да биде искористен и ископиран.
