Xiaomi Mi 10T Pro 5G е еден од уредите на компанијата кој доаѓа со прилично ниска цена во однос на перформансите кои ги нуди.
Доколку сте заинтересирани за овој уред – може да го најдете во Ledikom по одлична цена!
Но, пред да го направите тоа, да погледнеме што нуди овој смартфон:
Најпрво, на предниот дел има голем, 6.67 инчен дисплеј со камера сместена во левиот агол.Рамките од страните се минимални и речиси невидливи. Дисплејот е со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос. Целосната конструкција на уредот е стаклена со алуминиумска рамка, што му дава навистина премиум изглед.

Како што може да забележите и од сликите, на задниот дел има навистина уникатен дизајн – благодарение на системот камери. Покрај интересниот изглед, и резолуциите на овие камери не разочаруваат. Најголемата од нив е со резолуција од 108 мегапиксели и ветува квалитетни фотографии, речиси како да се направени со професионаелн фотоапарат. Заедно со неа има уште две камери од 13 и 5 мегапиксели, додека селфи камерата е од 20 мегапиксели.
Последно, ги имаме неговите перформанси. Процесорот е Snapdragon 865 5G со најмалку 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е еднакво импресивна со својот капацитет од 5000 mAh и ветува голема издржливост. Достапен е во црна, сребрена и сина боја.