Google Pixel серијата не беше популарна колку што се очекуваше на почетокот. Но, откако LG целосно го напушти смартфон пазарот, изгледа дека Google планира целосно да ја промени својата линија смартфони со Pixel 6.
Најпрво, ќе се врати на старата стратегија со претставување на два модели – Pixel 6 и Pixel 6 Pro.
Досегашните Pixel смартфони имаа прилично досаден дизајн, но рендерите за Pixel 6 и Pixel 6 Pro покажуваат дека овие модели ќе добијат променет изглед. Најпрво, камерите на задниот дел се поставени во нов систем камери. Кај Pixel 6 има две камери – главна и ултраширокоаголна, заедно со LED блиц.

Pro моделот ќе има и трета камера, најверојатно за портрети.
Наместо дизајн во две нијанси, Google се реши за дизајн во три бои со овие модели. На сликите се гледа портокалова, црна и бела боја. Најверојатно, ќе бидат достапни и во други бои.
Се разбира, компанијата ќе претстави и подобрувања во внатрешноста на уредите, но сега за сега овие карактеристики не се познати.