За потполно редизајнираниот iPad mini се зборува веќе некое време, а сега се појавија и нови рендери.
Шестата генерција на iPad mini треба да се појави оваа година приближно во исто време кога ќе пристигне и новиот iPhone 13, a најновите рендери кои ги креираше Мајкл Ма претставуваат како ќе изгледа малиот таблет.

Претстојниот iPad mini ќе има екран од 60 Hz и димензии 206х138х6,1 мм, а ќе биде достапен во Space сива, Rose златна и зелена и Sky сина боја.

Се очекува дека ќе добие A14 Bionic процесор, а ќе биде достапен со 64, 128 и 256 GB интерна меморија.
