Компанијата Xiaomi го претстави концептот за паметни очила со интегриран MicroLED екран, а проектот е наречен „Xiaomi Smart Glasses“.
Како што изјавија за The Verge, засега не планираат да произведуваат вакви очила, но со претставување на концептот објавија и презентираа неколку детали за тоа како ќе изгледаат очилата во иднина доколку се одлучат да почнат со нивно производство.
Екранот на Xiaomi на концептот за паметни очила има големина на зрно од ориз со димензии 2,4 мм х 2,022 мм, соопштено е во текот на презентација на моделот.
Компанијата соопшти дека очилата ќе содржат Wi-Fi, Bluetooth како и камера од 5 MP.
Погледнете го видеото: