Најголемата мобилара во Македонија – Ledikom Mobile Store доби нова и освежена веб-страна со голем број на функции! Станува збор за комплетен редизајн, чија насока е во минималистички и модерен стил, со голем фокус кон приказот токму кон мобилните уреди.

Од нашето тестирање, можеме да забележиме едноставна структура каде што многу лесно може да го најдете вашиот следен телефон, таблет уред, лаптоп или пак некој додаток! Посветениот дел за галантерија за жал сеуште е празен, но од Ледиком ветија дека наскоро ќе почне да функционира!

Мораме да ја пофалиме опцијата за проверка на статус за сервис – едноставно го оставате уредот, добивате ливче за прием и потоа си проверувате онлајн дали е готов. Знаеме сите дека сме нестрпливи…
Можете да ја посетите веб-страната на https://ledikom.mk/