Најголем избор и најдобри цени на Andorid телефони тука.
Популарната платформа AnTuTu традиционално секој месец објавува листа на најбрзи телефони со Android, а најновата вклучува резултати од октомври.
На листата за октомври 2022 година доминираат телефони кои користат чипови на Qualcomm, што беше очекувано. Во исто време беше објавена листа на уреди од средниот сегмент.
На врвот на листата на флегшип телефони е Asus ROG Phone 6, кој користи чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, 16GB RAM и 512GB простор за складирање. На второ место е ROG Phone 6 Pro, кој го користи истиот процесор, но има 18GB RAM.
Зад нив на листата е Xiaomi 12T Pro, кој исто така користи чип Snapdragon 8+ Gen 1 (12GB + 256GB), а потоа следуваат Red Magic 7 и Black Shark 5 Pro напојуван од Snapdragon 8 Gen 1.
Топ 5 листата на најбрзи телефони со Android од средна класа е Realme GT Neo 3 (чип Dimensity 8100), Poco X3 4G, Xiaomi 12T, Redmi K50i и Realme GT Neo 2.
Најголем избор и најдобри цени на Andorid телефони тука.