Не мора да ги користите само решенијата кои ви ги нуди Apple, со виџетите на Google достапни ви се разни нови можности и тоа со само еден допир.
Корисниците на iPhone уреди по iOS 16 надоградувањето добија можност да го прилагодуваат заклучениот екран на својот телефон, а помеѓу останатото и да поставуваат виџети кои ќе им овозможат брз пристап до посакуваните функции.
Apple нуди широк избор на сопствени виџети, но доколку се ослонувате на нив пропуштате куп други можности кои нудат решенија од трета страна. Некои од тие решенија ги има подготвено Google, па доколку користите негови услуги не заборавајте да ги додадете на вашиот заклучен екран.Прилагодете го заклучениот екран за работа и игра
iOS 16 ви дозволува да поставите повеќе заклучени екрани, за да останете фокусирани за време на работниот ден, па така можете да додадете Gmail виџет кој автоматски може да ви покаже колку нови мејлови имате, како и категориите во кои се наоѓаат, помагајќи ви да останете во тек со содржината на вашето сандаче. исто така, можете да додадете Google Drive виџет со чија помош многу брзо ќе можете да го отворите бараниот фајл кој го чувате на cloud.
iOS 16 ви дозволува да поставите повеќе заклучени екрани, за да останете фокусирани за време на работниот ден, па така можете да додадете Gmail виџет кој автоматски може да ви покаже колку нови мејлови имате, како и категориите во кои се наоѓаат, помагајќи ви да останете во тек со содржината на вашето сандаче. исто така, можете да додадете Google Drive виџет со чија помош многу брзо ќе можете да го отворите бараниот фајл кој го чувате на cloud.
Кога завршувате со работа и планирате да излезете од канцеларија, едноставно префрлете се на друг заклучен екран за да можете да надокнадите сѐ она што сте го пропуштиле, со помош на Google News виџетот. Кога ќе бидете подготвени да тргнете користете го Maps Frequent Trips виџетот за со еден допир да ја стартувате навигацијата.
Движете се по нови рути со Maps, Search и Chrome
Во посета сте во друг град? Додадете го Maps Search виџетот и прилагодете го за со еден допир да ви ги пронајде најблиските ресторани, кафичи или други места, директно од заклучениот екран.
Сте отпатувале во друга држава? Користете Google Lens виџет за со помош на камерата да преведете натписи на над 100 јазици.
Можете да додадете и Chrome виџети за брзо да можете да пребарувате на интернет додека сте во движење, да пребарувате со глас, со еден допир да го користите Incognito режимот или едноставно да тепате време со помош на Dino игрици.Нови YouTube и YouTube Music виџети
Со новиот YouTube виџет за почетниот екран многу брзо ќе можете да ги отворите своите препорачани видеа, да гледате Shorts или да пристапите до нови видеа од каналите на кои сте претплатени.
Интересен е и новиот YouTube Music виџет за заклучен екран со чија помош можете да ги пуштите своите омилени песни. Ако не можете да се сетите на имињата на некои од песните, подесете го својот виџет за покренување на гласовно пребарување и почнете да пеете неколки такта од посакуваната песна.