Во соработка со Ledikom Mobile Store и нивната иницијатива за промовирање на Македонските апликации ви ја претставуваме Razgovor.mk!
Разговор.мк е првата мобилна апликација во Македонија преку која може да се најде лиценциран психолог и анонимно да се разговара.
Моментално има над 60 лиценцирани психолози кои се достапни (15% од сите психолози во државата).
Апликацијата е бесплатна за симнување но се наплаќа секоја сесија која ќе ја закажете со вашиот психолог.
Во прилог повелете линк до Андроид и ИОС апликациите.
Самата апликација има и други функционалности освен закажување на сесии како бесплатни совети и дигитален дневник за ментално здравје.
Доколку сакате и Вашата апликација да биде промовирана на над 400.000 акаунти на македонски корисници направете ги следните чекори:
- Испратете линк до Вашата апликација на Android или iOS
- Испратете screenshots од апликацијата
- Доколку апликацијата е платена, може да пратите код за попуст за читателите на Smartfon и Ledikom Mobile Store
Вашите апликации праќајте ги на ledikom@onpoint.mk
НАПОМЕНА: Промоцијата е целосно бесплатна и без обврзувачки услови – целта е да дадеме простор на нашите девелопери кои се трудат и создаваат квалитетни апликации!