Познатиот аналитичар Мингчи Куо тврди дека Apple наредната година ќе претстави нов iPad уред на преклоп. Исто така, тврди дека не планира да претстави нов iPad пред 2024 година.
Прв ќе биде објавен iPad mini, кој во масовно производство ќе се се најде во првиот квартал од 2024 година.
Куо истакнува дека преклопливиот iPad исто така ќе се појави во 2024 година. Уредот би требало да има свитлив панел со големина од 20,25 инчи, што би значело дека ќе биде огромен уред во споредба со останатите стандардни таблети.