Рендерите од претстојната серија iPhone 16 на Apple се појавија на интернет и открија неколку детали.
Ќе треба долго да чекаме за пристигнувањето на серијата iPhone 16 на Apple, а компанијата експериментира со различни дизајни. Ова всушност се однесува на дизајнот на задниот панел, како и распоредот на копчињата на основниот iPhone познат внатрешно како DeLorean. Засега е познато дека има три предпродукциски дизајни, односно рендери, кои покажуваат можни нови промени.
Првиот дизајн е инспириран од оној на моделот iPhone X со вертикално тело во облик на таблета, во кое се сместени две камери.
Жолтиот прототип на iPhone 16 има унифициран менувач за јачина на звук наместо посебните копчиња што ги имаат сите модели на iPhone од 2010 година. Сите три уреди содржат и капацитивен Action Button над копчињата за контрола на јачината на звукот, додека црниот модел има визуелно поголемо копче.
Преостанатите два рендера на уредот во розова и црна боја го заменуваат споменатиот дизајн со попознат изглед каде камерите се сместени во метален прстен.
Црниот модел доби и капацитивно Capture Button копче поставено под „power“ копчето. Претходните гласини велат дека новото копче во седиштето на Apple се вика „Project Nova“ и ќе нуди повратни информации на допир, а истовремено ќе делува и како активатор на камерата.
Action Button копчето се очекува кај сите модели од серијата iPhone 16.