Со најавувањето на M серијата, Samsung им стави до знаење на корисниците дека овие уреди се наменети за помладите генерации – пазар кој во моментот припаѓа на кинеските компании со буџетски смартфони.
Меѓу другите модели, компанијата го претстави и M30 – уред со одличен дизајн и перформанси. Во Македонија, неговата цена е само 12,890 денари во Ledikom.
Дизајнот на M30 е сличен како оној на M10 и M20. Има т.н “teardrop” notch на големиот 6.4 инчен панел каде е сместена селфи камерата. Станува збор за Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9 тело-дисплеј сооднос. Со цел да има пониска цена, доаѓа со пластична конструкција која е достапна во две бои – сина и црна. Од нив, црната дава поелегантен изглед, додека сината е можеби позабавна. Панелот е голем и одличен за користење.

Преминувајќи во внатрешниот дел, работи на Exynos 7904 со две верзии – 4GB RAM и 64GB меморија и 6GB RAM и 128GB меморија. Иако е уред од средната класа со ниска цена, на задниот дел вклучува три камери. Секој од нив има различна функција. Најпрво, главниот сензор е за секојдневни слики и е од 13 мегапиксели. Потоа, вториот е наменет за широкоаголни фотографии и е од 5 мегапиксели, додека третиот е за портрети и е повторно од 5 мегапиксели. За селфи фотографиите ќе се погрижи камерата од 16 мегапиксели.
фотографија направена со M30

Доколку сте во потрага по уред со прифатлива цена, а солидни спецификации со посебно внимание на камерите, M30 е правилниот избор.