Huawei Y9 е еден од уредите на Huawei кој беше претставен на крајот од 2018 година, но сеуште е популарен меѓу корисниците.
Иако неговата цена е само 11 990 денари (Ledikom.mk), овој смартфон има прилично интересни спецификации и привлечен дизајн.
Почнувајќи од дизајнот, на предниот дел има голем, 6.5 инчен панел со резолуција од 1080×2340 пиксели и 19.5:9 тело-дисплеј сооднос. Благодарение на овој панел, корисниците може да уживаат во своите игри, апликации, серии и YouTube видеа. Истотака, придружен е и од notch на горниот дел со две селфи камери од 16 и 2 мегапиксели

Со цел да го понуди најдоброто можно корисничко искуство по толку ниска цена, во внатрешниот дел има батерија од 4 000 mAh која ветува голема издржливост и користење. Процесорот е Kirin 710.

Навраќајќи се на камерите, бидејќи на предниот дел има две камери, се разбира дека и на задниот се наоѓа систем од две камери. Нивната резолуција е од 13 и 2 мегапиксели.
Достапен е во сина, црна и виолетова боја.