Исто како iPhone X, iPhone 11 Pro и 11 Pro Max доаѓаат со поспецифичен дизајн кој на дел од фановите им се допаѓа, а на дел не. Главниот “проблем” е системот камери на задната страна кој има нов изглед со малку поголеми камери. Без разлика на тоа, мора да признаеме дека станува збор за два премиум смартфони кои ги нудат сите флегшип спецификации кои им се допаѓаат на корисниците.
За фановите на iPhone 11 Pro, уредот во Ledikom.mk чини 73.690 денари. Еве кои се неговите позитивни карактеристики:
iPhone 11 Pro – позитивно:
- достапен во нови бои
- компактен
- одличен дисплеј
iPhone 11 Pro е директен следбеник на iPhone XS. Уредот има ист дисплеј од 5.8 инчи со резолуција од 1125 x 2436 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 19.5:9. Во однос на дизајнот, има стаклена конструкција со челична рамка. За разлика од iPhone XS, достапен е во повеќе бои – сребрена, сива, златна и зелена.
Можеби една од најголемите промени е кај камерите. Покрај дизајнот, овој пат имаме три камери кои се од 12 мегапиксели. Од нив, едни е главен сензор, другиот е телефото и третиот е ултра широкоаголен. Истотака, селфи камерата е од 12 мегапиксели.

Се разбира, заедно со обичниот модел е достапен и Max модел. Како што кажува неговото име, овој уред е поголем и има 6.5 инчен дисплеј со резолуција од 1242 x 2688 пиксели. Во внатрешноста и кај двата се наоѓа новиот A13 Bionic процесор.
Позитивно:
- Издржлива батерија
- Голем дисплеј
- Одлични камери
- Брзо полнење
Доколку сте фан на моќните спецификации и големиот дисплеј, цената на iPhone 11 Pro Max е 82.990 денари.
Додека на задниот дел се наоѓа истиот систем камери како кај iPhone 11 Pro, една од највпечатливите карактеристики на 11 Pro Max е неговата батерија. Со капацитет од 3969 mAh, оваа батерија нуди најголема издржливост од сите iPhone модели досега. Благодарение на брзото полнење може да се наполни до 50% за само 30 минути.
