iPhone 11 е новиот “буџетски” уред во iPhone серијата кој е директен следбеник на iPhone XR.
Всушност, во однос на неговата цена, iPhone 11 има цена како онаа која порано ја имаа флегшип уредите. Почетната цена на iPhone 11 е дури и пониска од онаа на iPhone XR.
Токму поради тоа, од сите три модели, iPhone 11 е наменет за најголемиот дел од корисниците бидејќи има одлични спецификации, а пониска цена од другите. За разлика од iPhone 11 Pro и 11 Pro Max кој чинат по речиси 1 000 евра, цената на iPhone 11 во Ledikom.mk е 41.200 денари.
Во однос на дизајнот, iPhone 11 има 6.1 инчен панел со резолуција од 828 x 1792 пиксели. Со цел да понуди пониска цена, изработен е од стаклена конструкција, но со алуминиумска рамка.

Внатрешните спецификации се речиси исти со другите два модели – новиот A13 Bionic, iOS 13, 4GB RAM и 256GB меморија. Има батерија од 3110 mAh.
Бидејќи сепак станува збор за буџетски модел, на задната страна има две, наместо три камери. Дизајнот е ист како кај iPhone 11 Pro и 11 Pro Max и на дел од корисниците им се допаѓа, на дел не. Како и да е, без разлика на дизајнот, овие сензори се одлични и нудат квалитетни слики со резолуција од 12 мегапиксели. Едниот од сензорите е главен, другиот е широкоаголен, а селфи камерата е истотака 12 мегапикселна.
Една карактеристика која најверојатно ќе биде привлечна за голем дел од корисниците е големиот избор на бои. Од сите iPhone 11 уреди, овој модел е достапен во највеќе нијанси – жолта, зелена, црна, црвена, виолетова и бела.