Galaxy S10 серијата кога прв пат се појави во февруари доаѓаше со значителни промени кај камерите во однос на претходната серија, но сепак овие сензори не беа на исто ниво како оние на конкуренцијата. Затоа, со идните S11 модели Samsung планира да го промени тоа.
Според новите информации, Samsung работи на нов систем камери на задниот дел до S11 серијата познат како ‘Hubble.’ Досега, премиум смартфони на Samsung доаѓаа со 2x зум, но со идната S11 серијата уредите ќе имаат нови леќи со 5x оптички зум. Оваа промена ќе и овозможи на компанијата да се наптреварува со други компании какo Huawei, кој прв пат претстави 5x зум на почетокот од годината и да биде чекор пред Apple, кој сеуште корсти 2x зум.
Сеуште не е познато со колкава резолуција ќе бидат овие сензори, но најверојатно ќе има три камери – ултра широкоаголна, широкоаголна и телефото камера со 5x зум.
