Минатата година Galaxy A9 (2018) беше најскапиот и најголемиот уред во Galaxy A серијата. Оваа година таа позиција ја завзема Galaxy A80 со уште поуникатен дизајн и помоќни перформанси.
Уште на прв поглед може да се забележи дека Galaxy A80 е премиум уред – има голем дисплеј, тенки рамки, скенер под панелот и најважно од се – систем на ротирачки камери.
Ова дефинитивно не е уред за оние кои се во потрага по мал и компактен смартфон, бидејќи A80 е најголемиот модел во A серијата досега. Но, затоа ако сте фан на моќни перформанси, големи екрани и уникатни камери со одличен квалитет, Galaxy A80 е достапен во Ledikom.mk по цена од 27.000 денари.

Почнувајќи од највпечатливиот дел, Galaxy A80 доаѓа со две камери од 48 и 8 мегапиксели. Интересно е што станува збор за систем на ротирачки камери кои може истовремено да се користат и за обични слики и за селфиња. Благодарение на овој систем, дисплејот на предната страна кој е од 6.7 инчи нема никаква пречка – ниту notch, ниту дупка за селфи камера. Со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9 овој дисплеј е одличен за гејмање, гледање видеа, филмови или серии, и, најважно, одличен е за работа. Изграден е од стаклена конструкција со алуминиумска рамка и поради заоблените агли, и покрај големите димензии е комотен и компактен за држење во рака. Достапен е во три бои – бела, златно-розева и црна. Од нив, најелегантна е дефинитивно златно-розевата нијанса, а црниот модел дава најпремиум чуство.
Со цел да биде целосно премиум уред, Galaxy A80 не разочарува ниту со внатрешните каратеристики. Работи на Snapdragon 730 со 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 3700 mAh и доаѓа со брзо полнење.