Во свет каде Apple владее на пазарот, и со смартфони и со таблети и со паметни часовници, Samsung е една од ретките компании која може да се натпреварува со успехот на Apple. Паметните часовници кои ги има претставено Apple се дефинитивно одлични, но не се достапни за сечиј буџет.
Затоа, друга опција која ја имаат корисниците со еднакво добри перформанси е Galaxy Watch Active. Иако Samsung неодамна го претстави неговиот следбеник, Galaxy Watch Active е сеуште добар уред кој во моментот има цена од 10 490 денари – доколку се решите да го купите од Ledikom.mk.

Samsung Galaxy Watch Active е всушност следбеник на Gear Sport и нова верзија на Galaxy Watch со посебен фокус на фитнесот. Беше најавен на почетокот од годината, заедно со S10 смартфоните. По поминување неколку дена со часовник, можеме да кажеме дека најпрво е дефинитивно одличен моден додаток кој не се разликува многу од обичен часовник, освен што има малку попремиум изглед, а и не разочарува со перформанси. Достапен е само во димензии од 39.5 x 39.5 x 10.5mm и четири бои – црна, сребрена, розева и сина. Наш фаворит е сребрениот модел, бидејќи е универзален и оди со било која комбинација на облека.
При користење, откривме дека батеријата од 230mAh може да издржи два дена без полнење. Тоа е одлично за паметен часовник и слично со часовниците на Apple. Уште една добра работа е што е водоотпорен и може да го користите при пливање.
Како што кажува самото име, здравјето е главен фокус на часовникот. Овој часовник има повеќе од 39 професионални вежби и 20 вежби за секојдневен фитнес. Меѓу првите кај паметните часовници, Galaxy Watch Active може да мери и крвен притисок. Истовремено, BixНапишано од: брзо се активира и одговара на сите команди.
Се на се, одличен часовник кој лесно се вклопува во вашиот секојдневен живот и е одличен фитнес придружник.