Откако се појавија информации дека Samsung планира да претстави 5 различни S11 модели, сега се појавија информации и за боите во кои ќе бидат достапни.
Покрај нив, започнато е и производството на Buds 2. Истотака, очекуваниот Note 10 Lite ќе биде достапен во слични бои со Note 10, како што беше очекувано.
Најпрво, новите Galaxy Buds ќе бидат достапни во сина, црвена, розева и бела боја.
Потоа, S11e ќе биде достапен во сина, сива и розева боја, а S11 во сина, сива и црна (најмалку овие три, а може и повеќе).
Буџетскиот S10 Lite ќе го има во црна, сина и бела боја. Последно, буџетскиот Note 10 Lite ќе биде достапен во црвена, сребрена и црна.