Според vpnMentor, компанија која ги рангира VPN мрежите, датабаза која содржи милиони пораки била загрозена. Датабазата припаѓа на TrueDialog – компанија која обезбедува SMS решенија. Информациите кои биле хакирани не само што содржат милиони пораки од корисниците, туку ги содржат и нивните имиња, лозинки и слично.
vpnMentor смета дека вината директно припаѓа на TrueDialog , бидејќи датабазата не била заштитена како што треба. Истотака, додаде дека откривање на идентитетот на сопственикот на датабазата не било тешко. Бројот на луѓе чии информации биле откриени е голем и веројатноста дека овие податоци ќе бидат користени на непосакувани начини.
