5G сервисот е сеуште во рани фази на имплементација, но веќе постојат неколку уреди на пазарот кои нудат ваква технологија. Меѓу нив е и Samsung.
Во 2019-та Samsung успеа да продаде 6.7 милиони Galaxy 5G уреди. Се на се, тоа е 54% од глобалниот смартфон маркет. Во моментот, 5G уредите на компанијата се Galaxy Fold 5G, A90 5G, Note 10 5G, Note 10+ 5G и S10+ 5G.
Во текот на оваа година Samsung планира да претстави и таблет со 5G поддршка – Galaxy Tab S6 5G.