Galaxy A71 е дефинитивно еден од најинтересните уреди на Samsung, благодарение на премиум карактеристиките со кои доаѓа. Овој уред од средна класа нуди се и многу повеќе од цената со која доаѓа. Доколку сте во потрага по нов телефон со премиум спецификации, а буџетска цена, Galaxy A71 е изборот за вас. Во Ledikom.mk, може да го најдете по цена од само 25.200 денари.
Во моментот, едни од најпопуларните смартфони на Samsung се дел од A серијата и Lite верзиите. Од поновите, Galaxy A71 е најинтересен поради неколку причини:
Овој уред од средна класа доаѓа со голем, 6.7 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2400 x 1080 пиксели и Infinity-O дизајнот на Samsung. Дури има и скенер за отпечатоци под панелот – карактеристика која тешко се наоѓа кај уредите со оваа цена. Со цел цената да биде пониска, A71 има пластична конструкција со стаклен преден дел, заштитен со Gorilla Glass 3. Достапен е во неколку интересни и неколку класични бои – црна, сребрена, сина, розева и бела. Доколку имате помали раце или едноставно не сакате поголем уред, тогаш A71 дефинитивно не е за вас. Но, и покрај големиот екран, уредот е тенок и висок, практичен за држење и, се разбира, одличен за гледање видеа, филмови, работење, играње и слично.


Како и сите премиум уреди, А71 има систем од четири камери на задниот дел кои се вертикално поставени во горниот лев агол. Од нив, главната е со 64 мегапиксели, заедно со ултраширокоаголна камера од 12 мегапиксели и две камери од 5 мегапиксели. Селфи камерата е во средина и е со 32 мегапиксели. Може да се снимаат 8K видеа.

За моќните перфоманси ќе се погрижи Snapdragon 730 процесорот, со 6GB RAM и 128GB меморија. Доколку оваа конфигурација не е доволна, постои и верзија со 128GB меморија и 8GB RAM. Покрај големиот дисплеј, A71 нуди и голема батерија која е од 4500 mAh со полнач од 25W. Ова значи дека A71 се полни побрзо од било кој уред во S10 серијата.