Samsung веќе претстави голем број уреди во А серијата во првите два месеци од годината, но компанијата не планира да застане тука. Еден од новите уреди кои Samsung планира да го претстави е А41, чии спецификации заедно со дизајн се појавија деновиве.
А41 ќе биде малку послаба верзија од A51, но сепак ќе биде интересен телефон. Сликите кои се појавија покажуваат дизајн со три камери на задниот дел и голем дисплеј со waterdrop notch.

Главната продажна точка на A41 дефинитивно ќе бидат камерите. Главниот сензор е со 48 мегапиксели, додека останатите не се познати. Се разбира, и дисплејот од 6 инчи е еднакво импресивен. Бидејќи скенерот за отпечатоци не може да се забележи на задниот дел, најверојатно ќе биде под дисплејот. Процесорот ќе биде Helio P65 со 4GB RAM и 64 или 128GB меморија. Батеријата ќе биде од 3500 mAh.