Доволно е лошо кога пандемија ќе го сврти вашиот живот наопаку, без ширење на дезинформации во врска со истата. Токму затоа, дел од најпопуларните социјални мрежи решија да потпишат изјава со која ветуваат забрана на ширење лаги во врска со Корона вирусот. Според ZDNet, седумте социјални мрежи кои ја потпишале изјавата се Facebook, Google, LinkedIn, Microsoft, Reddit, Twitter и YouTube.

Во заедничката изјава пишува: “Работиме заедно во напорите за одговор на COVID-19 ситуацијата. Помагаме на милиони луѓе да останат конектирани, додека истовремено се бориме против ширењето на дезинформации во врска со ситуацијата. Ги покануваме и останатите компании да ни се придружат додека работиме да ја одржуваме нашата заедница здрава и безбедна.”