Овој моќен уред на Samsung е достапен во Ledikom.mk, по цена од 81.800 денари.
Новиот флегшип на Samsung е супер телефон со големи димензии и спецификации. Почнувајќи од неговиот надворешен дизајн, S20 Ultra доаѓа со голем, 6.9 Dynamic AMOLED 2X инчен дисплеј, резолуција од 1440 x 3200 пиксели, тело-дисплеј сооднос од 20:9 и Corning Gorilla Glass 6 заштита. Со цел неговиот изглед да биде целосно премиум, изграден е од стаклена конструкција со алуминумска рамка од страните. Иако можеби нема најкомпактен дизајн, сепак и покрај големиот екран, Samsung се има потрудено да го направи што потенок и помал во однос на целосните димензии ( 166.9 x 76 x 8.8 mm и тежина од 222 грама. Скенерот за отпечатоци е под панелот.

Како што сме веќе сите запознаени, од продажните точки на S20 Ultra е дефинитвно неговиот моќен систем камери. Тоа што има четири сензори е веќе доволно импресивно, но Samsung има направено повеќе од тоа. Имено, S20 Ultra е првиот комерцијален смартфон кој доаѓа со главен сензор од 108 мегапиксели. Заедно со него има втора широкоаголна камера од 48 мегапиксели, 12 мегапикселна камера и четврта камера за подобри портрети. Селфи фотографиите ќе бидат еднакво квалитетни, благодарение на камерата од 40 мегапиксели.

Финиширајќи ги моќнте карактеристики, под хаубата се наоѓа Exynos 990 процесор со 12GB RAM и 128GB меморија како стандард. Батеријата е најголема досега кај било кој Samsung смартфон – од 5000 mAh.
Достапен е само во сива и црна боја.