Samsung е дефинитивно најдоминатната компанија во Android светот. Додека флегшип уредите веќе неколку години се покажаа како неверојатно популарни, сега компанијата почна да импресионира и со своите уреди од средна класа.
Galaxy S10 Lite дефинитивно не може да се смета за буџетски смартфон, но во однос на останатите уреди во S10 серијата е поевтин, а цената ја оправдува и со своите премиум карактеристики.
Galaxy S10 Lite е достапен во Ledikom – провери цена!
На задниот дел, S10 Lite повеќе потсетува на новата S20 серија отколку на S10. Доаѓа со 6.7 инчен Super AMOLED Plus дисплеј, резолуција од 1080 x 2400 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9. Всушност, ова е најголемиот дисплеј во S10 серијата. Скенерот за отпечатоци е сместен под панелот. Достапен е во сина, бела и црна боја.

Има неколку интересни точки во однос на неговиот хардвер. Најпрво е фактот што работи на Snapdragon 855. Ова е голема работа, бидејќи Samsung секогаш користел Exynos процесори за своите уреди од средна класа. Придружен е од 128GB меморија и 6GB RAM како стандард. Батеријата е од 4500 mAh и има брз полнач од 25W. И покрај големо користење, батеријата не паѓа на помалку од 15% на крајот од денот.

Последно, ги имаме неговите камери. На задниот дел има три камери – 48MP, 12MP и 5MP. Селфи камерата е од 32 мегапиксели.
Сo S10 Lite, Samsung дефинитивно покажа дека може да претстави вреден флегшип уред кој ќе биде вистински ривал на уредите на компании како OnePlus, Huawei и Xiaomi кои претставуваат смартфони со одлични карактертистики, а пониски цена. Galaxy S10 Lite може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 30.700 денари.