Новиот уред на HMD Global работи на Snapdragon 765G – процесор кој Qualcomm го претстави во декември. Ова е еден од најдобрите процесори достапни на пазарот, со исклучок на оние кои се наменети за флегшип уредите. Токму затоа, потенцијалните купувачи може да бидат сигурни дека смартфонот ќе биде брз. Кога сме кај брзината, Snapdragon 765G е интегриран со Snapdragon X52, што значи дека има 5G поддршка како стандард. Има и 6GB RAM, заедно со 64GB меморија, како и верзија со 8GB RAM и 128GB меморија. Вклучува и батерија од 4500 mAh.

Една од поинтересните карактеристики е и големиот дисплеј кој е 6.8 инчен со минимални рамки и селфи камера во горниот лев агол каде се наоѓа сензорот од 24 мегапиксели. На задниот дел има четири PureView камери, кои се изработени во партнерство со ZEISS. Од нив, главната камера е со 64 мегапиксели и доаѓа со подобрен Night Mode.
Смартфонот ќе биде достапен по цена од 559 евра.