Galaxy Note 10 Lite е првиот “буџетски” Note уред. Ова е од голема важност, бидејќи е првиот уред на компанијата кој доаѓа со S Pen пенкало, а нема флегшип цена. Доколку сте фан на целото S Pen искуство, но не сакате да платите висока цена за ваков смартфон, Note 10 Lite може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 30.700 денари.

Овој уред ги има скратено дел од флегшип карактеристиките со кои доаѓаат Note 10 и Note 10+. За среќа, тоа не значи дека нема одлични спецификации. Има помала резолуција на дисплејот, помала водоотпорност и нема безжично полнење – што не е толку лошо. Најголемата “поважна” карактеристика која е променета е процесорот – Exynos 9810 наместо Exynos 9825. Истиот процесор се наоѓа во Note 9 и S9 сериите. Батеријата е од 4500 mAh. Доаѓа со брзо полнење од 25W кое работи одлично.

Гледајќи го неговиот дизајн, има голем, 6.78 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Се разбира, најважната функција е што доаѓа со S Pen пенкало за работа на големиот панел. Скенерот за отпечатоци е под екранот. Достапен е во црвена и бисерна боја.
За одличните фотографии ќе се погрижи системот од три камери на задниот дел. Секој од овие сензори е од 12 мегапиксели – една главна, една ултра широкоаголна и една за портрети. Селфи камерата е сместена во средина и е од 32 мегапиксели.