Instagram експериментира со уште една интересна опција за својата апликација. Откако се појави информација дека можеби ќе биде достапна опција со која дел од Story постовите ќе може да ги криете од одредени луѓе, сега компанијата работи на Incognito mode за приватните пораки.
Една од вработените во Instagram сподели како би функционирала функцијата на својот твитер профил. Официјалното име на опцијата не е познато сеуште, ниту кога би била претставена.