RedMagic можеби не е многу познат бренд на глобално ниво, но компанијата под која припаѓа, ZTE, е прилично позната.
Новиот смартфон на компанијата, RedMagic 5G е веќе достапен за претпродажба по цена од 579 долари и го нуди првиот 144Hz дисплеј на смартфон, заедно со Snapdragon 865 под хаубата. Дисплејот е OLED, од 6.6 инчи и со 1080p резолуција. Има и 12GB RAM со 256GB меморија.
И покрај тоа што се смета за гејмерски уред, уште една одлична карактеристика на уредот се камерите. Доаѓа со 64 мегапикселен главен Sony сензор и уште две камери на задниот дел. Како што кажува неговот име, нуди 5G поддршка.
Официјално, RedMagic 5G ќе биде достапен од 21 април.